Актива Плушковски

Стручно вештачење, проценка на штета и експертска анализа

Актива Плушковски е тим од стручни лица со експертиза од областа на економијата, финансиите, сметководството и машинството.

Изработуваме стручни наоди, мислења, анализи и проценки за потребите на судски постапки, деловни спорови, побарувања за надомест на штета и други случаи во кои е потребно независно и стручно утврдување на факти.

Во работата применуваме аналитички пристап, релевантни стручни методи и внимателна анализа на расположливата документација.

Актива Плушковски – стручно вештачење
Стручни услуги

Наши области на работа

Предметите ги разгледуваме според нивната природа и стручната област на која се однесуваат.

Економско, финансиско и сметководствено вештачење

Вршиме анализа и изготвуваме стручни наоди и мислења во предмети поврзани со финансиско, сметководствено и материјално работење.

Нашата работа најчесто опфаќа:

  • утврдување на постоење и висина на побарувања и долгови;
  • анализа на фактури, договори и сметководствена документација;
  • пресметка на неисплатени плати, придонеси и други побарувања од работен однос;
  • утврдување изгубена заработувачка;
  • пресметка и анализа на материјална штета;
  • анализа на финансиски извештаи;
  • проверка на деловни и сметководствени евиденции;
  • анализа на финансиски текови и трансакции;
  • други економски и финансиски прашања во спорови меѓу физички и правни лица.

Машинско вештачење и проценка на штета

Во рамките на машинската експертиза вршиме техничка анализа и проценка на штета на моторни возила, товарни возила, машини и друга опрема.

Во зависност од предметот, анализата може да опфати:

  • идентификација и анализа на оштетувања;
  • проценка на обемот на потребните поправки;
  • анализа дали одреден дел треба да се поправи или замени;
  • проверка на употребени и предложени делови;
  • анализа на работни операции и потребно време за поправка;
  • проверка и анализа на понуди и пресметки за поправка;
  • споредба на проценета и фактурирана вредност на поправката;
  • техничка анализа на документација и фотографии;
  • проценка на материјална штета;
  • подготовка на стручен наод и извештај.

Посебен фокус имаме на проценка и анализа на штета кај патнички и товарни моторни возила.

Мултидисциплинарен пристап

Комбинирана техничка и финансиска анализа

Одредени предмети бараат повеќе од една стручна перспектива.

Кај штети на возила, машини или друга опрема, техничката анализа може да се комбинира со финансиска и сметководствена проверка.

Таквиот пристап овозможува истовремено да се анализира:

  • што е оштетено;
  • кои поправки се технички оправдани;
  • кои делови и работни операции се потребни;
  • колкави се оправданите трошоци;
  • дали пресметката или фактурата содржи неусогласености;
  • колкава е финансиската вредност на утврдената штета.
Експертски тим

За нас

Нашиот тим обединува стручни лица од различни области, овозможувајќи предметите да се разгледуваат од соодветна економска, финансиска, сметководствена или машинска перспектива.

проф. д-р Пеце Николовски

Економски факултет – Прилеп
Факултет за безбедност – Скопје
Факултет за угостителство и туризам – Охрид

Области на експертиза
  • финансиско сметководство;
  • меѓународни сметководствени стандарди;
  • организација на ревизијата;
  • фискална ревизија;
  • интерна и екстерна ревизија.
проф. д-р Пеце Николовски

проф. д-р Снежана Обедниковска

Економски факултет – Прилеп

Области на експертиза
  • маркетинг;
  • е-трговија и маркетинг;
  • однесување на потрошувачите;
  • маркетинг менаџмент;
  • трговија.
проф. д-р Снежана Обедниковска

м-р Драган Плушковски

Области на експертиза
  • сметководство;
  • интерна и екстерна ревизија;
  • финансиска анализа;
  • даночна политика;
  • маркетинг;
  • дигитален маркетинг.
м-р Драган Плушковски

м-р Сашо Сиваков

Машински инженер и лиценциран судски вештак по машинство

Области на експертиза
  • машинство;
  • моторни возила;
  • техничка анализа на оштетувања;
  • проценка на штета;
  • анализа на поправки;
  • анализа на делови и работни операции;
  • стручна анализа на техничка документација.
м-р Сашо Сиваков – лиценциран судски вештак по машинство
Предмети и анализи

Стручна анализа и утврдување на штета

Секој предмет го разгледуваме според неговите конкретни факти, расположливата документација и стручната област на која се однесува.

Материјална штета

Анализа и пресметка на материјалните последици кои произлегуваат од конкретен настан или спор.

Финансиски побарувања

Анализа на договори, фактури, долгови, побарувања и друга финансиска документација.

Изгубена заработувачка

Пресметка и анализа на изгубен приход и други финансиски последици.

Моторни и товарни возила

Техничка анализа на оштетувања, поправки, делови и поврзани трошоци.

Машини и опрема

Стручна анализа на оштетувања, потребни интервенции и материјална штета.

Понуди, пресметки и фактури

Проверка и споредба на пресметки, понуди, фактурирани ставки и придружна документација.

Начин на работа

Наш пристап

Независност

Наодите и мислењата ги засноваме на факти, документација и стручна анализа.

Аналитичност

Посветуваме внимание на релевантните податоци, пресметки, факти и докази.

Мултидисциплинарност

Кога предметот го бара тоа, комбинираме економска, финансиска, сметководствена и машинска експертиза.

Доверливост

Со документацијата и информациите постапуваме професионално и со внимание кон доверливоста на податоците.

Подготовка на предметот

Потребна документација

Документацијата потребна за изработка на стручен наод, мислење или анализа зависи од конкретниот предмет.

Економски и финансиски предмети

Во зависност од предметот, може да биде потребна:

  • договори;
  • фактури;
  • изводи од сметки;
  • аналитички картици;
  • сметководствени евиденции;
  • пресметки;
  • финансиски извештаи;
  • деловна кореспонденција;
  • друга документација релевантна за предметот.

Возила, машини и опрема

Кај техничка анализа и проценка на штета, може да бидат потребни:

  • фотографии од оштетувањето;
  • податоци за возилото, машината или опремата;
  • понуди за поправка;
  • фактури;
  • листи на делови;
  • сервисна документација;
  • извештаи за настанот;
  • претходни проценки;
  • друга релевантна техничка документација.
По првичниот увид во предметот утврдуваме која документација е потребна за конкретната анализа.
Актива Плушковски

Стручност, објективност и одговорност

Целта на секој наш наод е сложените технички, економски или финансиски прашања да бидат претставени јасно, аргументирано и разбирливо. Посветуваме особено внимание на точноста на податоците, логиката на пресметките, релевантноста на документацијата и јасното образложување на заклучоците.